Црна хроника
Украдени злато и над 10.000 евра од куќа во Демир Хисар
Арамија си заминал со богат плен, крадејќи девизи, денари и злато од куќа во Демир Хисар.
Според полицијата, на 22/23.07.2016 година во периодот од 16.30 до 00.15 часот во Демир Хисар, на ул.„Битолска“ во куќа сопственост на А.С. (84) непознат сторител извршил тешка кражба. Во тој период сопственикот не бил во куќата. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 10.000 евра, 17.000 денари, седум златни петолирки и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.
Црна хроника
Дете нападнало врсник со нож во Чаир
Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче.
Нешто пред полноќ, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.