Црна хроника
Украдено оружје од викендица во Кучково

Непознат сторител во периодот од неделата до вторникот украл оружје од викендица во сопственост на седумдесет и четиригодишен скопјанец во скопското село Кучково.
Крадецот ја оштетил влезната врата, влегол внатре, направил претурање и одзел ловна пушка марка „ТОС 66“ калибар 12мм и пиштол марка „Застава ЦЗ“ калибар 7.62мм, кои сопственикот ги поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за мајка, го терала детето да питачи на Табановце

Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.
Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.
Црна хроника
Претепана жена во Кичевско: прво ја тепал сопругот пoтоа му се придружил и синот

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.
На 12.05.2025 во 20.30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди.
Основниот суд во Кичево донесе решение за отстранување на сторителите од домот во период од 30 денови.
Црна хроника
Претрес Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.