Црна хроника
Уништени 997 стебла марихуана во фабриката „Југохром Фероaлојс“

Вкупно 997 стебла „канабис сатива“ беа уништени во понеделник во печките на фабриката „Југохром Фероaлојс“ во тетовско Јегуновце, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Уништените стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти август биле пронајдени на три различни локации во тетовско.
Во атарот на Селце, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“, во близина на Требошкиот канал, 815 стебла, стои во соопштението на МВР.
Уништувањето на стеблата го организираше и следеше четиричлена комисија на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.