Црна хроника
Упасени двајца крадци, од два стана украле над 500.000 денари
Уапсени двајца скопјани кои од два стана во скопската населба Кисела Вода украле над 500.000 денари.
На едниот му е одреден притвор во траење од осум дена, додека на другиот мерка зајакнат надзор.Првата кражба ја извршиле во вечерните часови, дошле до станот се наоѓа на приземјето од зградата и откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, се прекачиле на балконот од кујната и со употреба на физичка сила и штрафцигер делувале помеѓу крилото и рамот на балконската ПВЦ врата од кујната, отвориле и влегле во станот.Втората кражба ја извршиле на тој начин што дошле до станот којшто исто така бил на приземјето од зградата, со употреба на физичка сила и штрафцигер и француски клуч делувале на цилиндерот, го скршиле а потоа делувале на бравата од влезната врата, ја отвориле и влегле во станот.Откако ќе влезеле во становите претурале и пребарувале во просториите и од двата стана украле еден пиштол марка “Црвена Застава М70“ калибар 7,65 мм, пари, разновиден златен накит, златни пари, плазма – ЛЦД телевизор, мобилни телефони, машки и женски рачни часовници, каса пластична полна со ситни пари, таблет и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 522.000 денари.Потоа оделе дома и украдените пари и предмети ги делеле помеѓу себе, а наредниот ден (пиштол, златен накит како и друг накит) ги продале на непознато лице, додека дел од украдениот накит пријавените го задржале за себе. Добиените пари од продажбата ги делеле и ги трошеле за свои лични потреби како и за купување на дроги и алкохолни пијалоци.При претрес во нивните домови најдени се дел од украдените предмети. Едниот од крадците е познат на полицијата и против него од 2006 до 2014 година има поднесено 11 кривични пријави, а против другиот крадец досега била поднесена една кривична пријава./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

