Контакт

Црна хроника

Уште една пријава за сопственичката на агенцијата „Виаџо“, измамила петнаесетина иселеници

Објавено пред

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против сопственичката на поранешната туристичка агенција од Прилеп „Виаџо“ којашто е во стечај. Прилепчанката која пред неколку години измами прилепчани кои уплатија летувања преку оваа агенеција за Шпанија, Турција, Египет, извршила промена на седиштето на агенцијата од Прилеп во Скопје под името „Сториа травел“ и продолжила со измамите.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на 2015 и 2016 година почнала повторно да врши туристички услуги, се претставувала лажно дека е овластена да продава промотивни авио карти – по цени далеку поевтини отколку реалните, без да ги поседува потребните дозволи – сертификати за организирање на авио превоз –  ИАТА сертификат, и без да склучува било какви Договори за соработка со авио превозниции.Иселениците парите ги уплаќале на жиро сметката на фирмата „Сториа травел“, а на поголем број од нив парите им биле наплаќани во готово. На дел од оштетените им издавала каса-прими, од други оштетени, пак, примала пари во готово пред нотар. Исто така дел од оштетените паричните средства ги уплаќале на жиро сметка сопственост на нејзината мајка која жиро сметка не е сопственост на агенцијата, а голем дел од оштетените граѓани, посебно граѓани кои живеат во странство, парите и ги плаќале лично на пријавената преку услугата „Брз трансфер на пари“, особено во периодот додека се води стечајната постапка, односно пред активирањето на жиро сметката на фирмата во март 2016 година. За целокупното работење прилепчанката не водела никаква книговодствена евиденција, ниту издавала фискални сметки, ниту, пак, прикажувала и плаќала ДДВ. Имено, за примените пари пријавената на дел од оштетените граѓани им изготвувала договори за аранжмани без датум на склучување на договорите, при тоа не водејќи сметка дали фирмата е во фаза на стечај, дали е со седиште во Скопје или Прилеп, при што предмет на Договор се количински определен број на авио карти со неопределен датум на лет и релација и дестинација, само со наведување на авиопревозникот, а со важност од една, три или пет години, со напомена задолжително букирање на авио картите 30 дена пред денот на летање, до 72 часа пред летот со можност за промени.На други пак, преку електронска коресподенција им доставувала само резервација за авио карта  без притоа да им достави авио билет кој се обезбедува откако плаќањето ќе биде извршено. Како гаранција дека истата им обезбедила авио карти се електронски термини на летовите кои се вклучени за одредена дестинаци, додека на ниту еден од оштетените граѓани им нема доставено потврда за извршено плаќање на авио карта. Иселениците ги намамувала преку нејзина братучетка, која често патувала во странство и има контакти со иселеници од Македонија, кои имале потреба од авионски карти за посета на Македонија. Братучетката ја вработила во нејзината фирма од 01.03.2016 година, а ја овластила и за потписник на жиро сметката од 10.07.2016. На ваков начин пријавената оштетила петнаесетина субјекти од кои едно е правно, а останатите се физички лица  и притоа се стекнала со противправна имотна корист од 1.613.446 ден./крај/мф

Црна хроника

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија16 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија16 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ19 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија20 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет21 час

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет22 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет22 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион23 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет23 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...