Црна хроника
Во сообраќајки тешко настрадани 89-годишен велосипедист во Скопје и мопедист во Куманово
Во саботата се регистрирани две сообраќајни несреќи во кои учесници се здобиле со тешки телесни повреди, имено 89-годишен велосипедист се здоби со скршеница на колкот во Скопје, а по пад од мопед 31-годишен кумановец е во животна опасност.
Во саботата околу 14,10 часот во Куманово на раскрсницата од улиците.„Доне Божинов“ и „Никола Тесла“ се случила сообраќајна незгода во која 31-годишниот Д.Д. од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистерски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал.
Во незгодата мажот се здобил со тешки телесни повреди, односно фрактура на черепот и повреди на мозокот, и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово бил пренесен и задржан на лекување во Клиничкиот центар во Скопје и е во животна опасност.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Исто така, во саботата околу 10,40 часот во Скопје на улицата „Ѓорче Петров“ во сообраќајна несреќа кога 28-годишниот скопјанец С.Б. со возило „форд фиеста“ со скопски регистерски ознаки удрил во велосипедист М.М., на 89 години, исто така од Скопје. Со возило на Брзата помош повредениот старец бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, фрактура на лев колк и е задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.