Црна хроника
Велешанец удрил малолетничка по задникот, мислел дека е свршеницата
Велешанец удрил петнаесетгодишно девојче по задникот, а потоа во полиција се правдал дека се препознал и дека мислел дека е свршеницата.
Девојчето заедно со нејзиниот татко во саботата во полициската станица во Велес пријавила дека дваесет и осумгодишниот велешанец, додека стоела на улица, ја удрил по задниот дел од телото и со брзање влегол во дворот од својата куќа.
Полицајците не го нашле дома, а потоа се јавил во 192 и бил повикан да дојде во полициската станица. Во разговорот тој го потврдил пријавеното, но изјавил дека мислел дека таму стои неговата свршеница и дека неа ја удрил.
За настанот е запознаен Јавен обвинител. Против велешанецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Расчистено убиството во Гостиварско, поднесена кривична пријава
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од село Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.

По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана.

После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Црна хроника
Уапсени возачи во Гостивар и Крива Паланка, возеле пијани
Вчера во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слободаТ.З.(63) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ноќеска во 02:00 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.П.(22) од Крива Паланка. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР
Црна хроника
Шестмина уапсени во прилепско поради „незаконит лов“, одземени шест ловечки пушки
Вчера во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.
При контрола на патничко возило „мерцедес” со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња.
Тие се задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
фото: МВР

