Црна хроника
Верушевски излезе од притвор

Обвинетите во случајот Пуч Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, во четвртокот излегоа од притвор во затворот во Шутка откако судот ги добил потребните документи од катастарот за заложена хипотека дадена како гаранција.
На двајцата наместо притвор им е се одредени три мерки- кауција во имот, одземање на пасошите и забрана за напуштање на Скопје.
Верушевски е обвинет за шпионажа и уште две дела, додека Лазаревски за помагање во шпионажа и поттикнување на нелегално прислушување.
Првообвинетиот Верушевски во притвор беше повеќе од 11 месеци, додека второобвинетиот Лазаревски вработен во тајната служба беше уапсен на 8-ми февруари.
Во случајот Пуч е обвинет и лидерот на СДСМ, Зоран Заев за обид за насилство кон претставници на државната власт./крај/т/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.