Контакт

Црна хроника

Видео: Полициска акција „Пуч“: Осомничени четири лица

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи првпат во историјата на независна Македонија реализираше случај во кој е сузбиен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. 

dobivaj vesti na viber

Според  досега прибавените докази во рамки на Оперативната обработка „Пуч“, осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Македонија, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, денеска ќе поднесе кривична пријава против четири лица инволвирани во незаконски дејствија. Првосомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање кој се товари за две кривични дела и тоа „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 од КЗ на РМ и помагање при „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.24 од КЗ на РМ. Второосомничена е неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата.

Третососомничен е 53 годишен локален функционер од општина Струмица, кој се товари за „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в. со чл.24. четвртоосомничено е 40 годишно лице од Струмица, лидер на политичка партија, кој се товари за „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.19 сторено во обид. 

Првопријавениот, во периодот од 2012 година до денес, прибавувал тајни податоци поврзани со работењето на надлежни државни органи во Македонија во форма на документи, фотографии, имиња на лица и други податоци кои што се однесуваат на општествено-политичките, економски, безбедносни состојби во Македонија, со намера да ги соопшти и предаде на странска држава, организација или лице што им служи.

Во вршењето на кривичното дело активно му помогнала неговата сопруга, со ставање на средства на располагање за извршување на кривичното дело, како и на средствата со кое е извршено истото. Истата на својот службен компјутер на работното место, вршела превод на документи и податоци на англиски јазик, кои и ги давал осомничениот, за тој потоа преведени да ги предаде на странска држава, организација или лице што им служи.

Четвртопријавениот остварил повеќе лични средби и телефонски комуникации со Претседателот на Владата на Република Македонија, на 28.09.2014 година, на 09.10.2014, на 31.10.2014 и на 17.11.2014 година. На средбите и комуникациите пријавениот на Претседателот на Владата на Република Македонија, јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази од компромитирачки карактер за носители на високи јавни, службени и државнички функции во Република Македонија.

Заканата ја конкретизирал со тоа што од него како Претседател на Владата на Република Македонија и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, побарал да ги прифати неговите барања за формирање на „Техничка Влада“, а потоа да се распишаат предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. За возврат пријавениот ветувал дека нема јавно да ги објави податоците. Ваквите податоци, четвртопријавениот ги добивал од првопријавениот, со кого остварил повеќе тајни средби, со посредство и помош на третопријавениот.

Поради постоење на основи на сомневање дека тројцата, сториле и превземаат дејствија на извршување на наведените кривични дела, како и поради веројатност дека ќе се обезбедат податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се соберат, спроведувани се посебни истражни мерки под контрола и надзор на надлежниот јавен обвинител.

Со цел обезбедување и прибарање на дополнителни докази, на 22 јануари, врз основа на Наредби од судија на претходна постапка од Основниот Суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на првопријавениот за што беше доставено Известување до надлежниот Јавен Обвинител, при што беа пронајдени и одземени два пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни телефонски апарати.

Против него веќе е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво по член 396 ст.1 од КЗ на РМ. Од досега извршената дигитално форензичката анализа и анализа на содржината, пронајдени се податоци и документи кои укажуваат дека постојат основани на сомневања за сторените кривични дела.

Во содржината на електронските податоци, беа пронајдени податоци и информации кои укажуваат на транскриптирани документи за извршени разговори помеѓу повеќе личности од јавниот и општествено политички живот во Македонија, криптирани доверливи документи  од повеќе институции од државата, службени документи од кореспонденција со странски држави, документи од спроведени истраги од надлежните судски инстанци во Македонија, кривични пријави и други известувања од правни и физички лица доставувани до Јавното Обвинителство на Македонија, деловни договори на неколку домашни и странски правни субјекти. Поради обемната содржина на дигиталните информации, анализите ќе продолжат и во наредниот период под контрола и надзор на Јавниот Обвинител.

Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 Скопје од 26 јануари, одземен е и компјутер од Стопанска банка АД Скопје кој што го користи и има пристап сопругата на првопријавениот, за што исто така е доставено известување до надлежниот Јавен Обвинител.

Во саботата, пак, од страна на полициски службеници, по Наредба на судија на претходна постапка, во Струмица извршен е претрес во домот и други простории на третопријавениот. При претресот на домот во гостинската соба беше пронајдена и второпријавената, која во моментот додека ги забележала полициските службеници, преку еден од прозорите од куќата успеала да фрли еден мобилен телефонски апарат. Од страна на полициските службеници веднаш бил документиран настанот и обезбеден надворешниот дел од куќата. За време на претресот со потврда за одземени предмети се одземени три лаптоп компјутери, еден персонален компјутер, 20 мобилни телефонски апарати. Претресот е се уште во тек.

Поконкретно, законските членови по кои лицата се товарат опфаќаат:

 

Членот 311 или Насилство спрема претставници на највисоките државни органи 

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го спречи нешто да стори или ќе го присили нешто да стори или да не стори во вршењето на неговата должност претседателот на Републиката, на Собранието, на Владата, на Уставниот суд или на Врховниот суд на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Член 316 Шпионажа

Тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор најмалку четири години./крај/мф/бс

Црна хроника

Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.

dobivaj vesti na viber

Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот

Објавено пред

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет3 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија5 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија9 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ10 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија11 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија12 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија12 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија14 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет16 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет16 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија17 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...