Црна хроника
Кривична пријава за 19-годишен скопјанец поради производство и дистрибуција на детска порнографија
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело – „производство и дистрибуција на детска порнографија“, кој во текот на месец ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот, соопштуваат од МВР.
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело – „производство и дистрибуција на детска порнографија“, кој во текот на месец ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот, соопштуваат од МВР.
Имено, на 22-ри јануари, постапувајќи по Наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на неговиот татко при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело или преку кои што е сторено делото и тоа преносен лаптоп компјутер марка „DELL“. Со цел да се утврди содржината на мемориските медиуми издадена е Наредба од Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Скопје за анализа.
По извршената анализа на одземениот лаптоп компјутер пронајдени се две видеа како и 16 фотографии со содржина од детска порнографија. Едно од видеата е превземено на ден 14-ти ноевмри минатата година при меѓусебна скајп комуникација со скајп профил кој користел ИП адреса со локација во Софија, Бугарија, а како примач е скајп профилот на пријавениот со профил „goran.verushevski“ кој во тој момент користел ИП адреса со локација во Солун, за време на неговиот престој во Грција каде е на студии.
Со горенаведените постапки и обезбедени докази пријавениот се товари дека го сторил кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Во моментот лицето не е достапно на органите на прогонот, а МВР на РМ ќе преземе мерки за негово обезбедување, како и размена на информации со МВР на Бугарија и Интерпол за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.