Црна хроника
Вкупно 53 години казна затвор за лихварите од Гостивар
Вкупно 53 години и шест месеци казна затвор добија седуммината обвинети во случајот „Чекан“ кои се товарат за лихварство.
Првообвинетиот е осуден на казна затвор од 11 години и шест месеци, на обвинетиот А.М. му е изречена казна затвор од осум години и шест месеци, обвинетиот И.А. е осуден на затвор од седум години и шест месеци, обвинетиот Р.С е осуден на девет години и 3 месеци, обвинетиот Ф.М на 11 години и 6 месеци, обвинетиот З.А. на 2 години и 6 месеци, обвинетиот Ш.Б., кој како командир на полициска станица помагал на другите осомничени во вршење на кривичните дела во периодот од 2009 до 2012 година е осуден на казна затвор од две години и 9 месециЕдно лице со одлука на судот е ослободено од обвинение.„Во текот на судењето беа изведени многубројни писмени и вербални докази, како и докази прибавени со посебни истражни мерки. Во судскиот процес беа сослушани над 45 сведоци предложени од обвинителството кои во своите искази јасно и категорично ги потврдија и објаснија сериозните закани и употребата на сила на кои биле подложени и кои врз нив ги вршеле сега осудените,“ истакна надлежниот јавен обвинител Маја Конеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.„Ценам дека Судот со изречените казни го утврди тоа што во обвинението го имав наведено и дека казните во целина соодветствуваат на сторените кривични дела. Осомничените се осудени на вкупно 53 години и 6 месеци години затворска казна, што за нас е правична осуда,“ додаде обвинителот Конеска.За седум од осумтемина осудени, Јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата, ценејќи дека постојат законски основи за тоа.Во предметот „Чекан“ е опфатена криминална група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.Во криминалната група беа гонети 21 лице, од кои со тројца осомничени Обвинителството постигна спогодба за признавање на вина во текот на истрагата. Со едно лице е постигната спогодба во фаза на оценка на обвинителниот акт.Предметот за три лица е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Гостивар, а за петмина е донесена Наредба за запирање на истрагата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.