Црна хроника
Внесувале лажни податоци за да добијат повисоки субвенции
Вкупно 78 лица и пет фирми се осомничени дека внесувале лажни податоци за да добијат повисоки субвенции од државата, соопшти МВР.
Четириесет и едногодишен кочанчанец сопственик и управител на фирмата „БМФ“ ДОО Зрновци од средината на јуни до крајот на август минатата година, во име на фирмата повеќе пати во потврдите за откупена или преработена оризова арпа внесувал невистинити податоци кои ги заверувал со свој потпис и печат. Пријавениот во потврдите внесувал количина за откупена оризова арпа поголема од стварно откупената количина која е констатирана од приемниците. Таквите потврди ги издавал на коминтентите, со што овозможил истите да аплицираат за поголем износ за субвенции од износот кој реално би го добиле.Потврдите кои им биле издадени, 77 лица и четири фирми, ги поднеле при барања за директни плаќања (субвенции ) од програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2013 година во Агенција за финансиска поддршка и рурален развој при Министерство за земјоделие шумарство и водостопанство.Против сите е поднесена кривична пријава за Фалсификување или уништивање деловни книги./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

