Црна хроника
Во акцијата „Син килибар“ 900 апсења и запленети 7,7 тона дрога
Во меѓународната операција „Син килибар“ во текот на 2015 година извршени се 900 апсења за делата трговија со дрога, имотен криминал и помагање на нерегулирана имиграција и запленети се 7,7 тона дрога, информираат од МВР.
Ова се резултатите на операцијата „Син килибар“, серија меѓународни акции во 2015 водени од страна на земјите-членки, а поддржани од ЕВРОПОЛ.„Операцијата „Син килибар“ е единствена операција што доведе до обединување на силите на службениците за спроведување Закон од 28. земји-членки на ЕУ, 11. земји надвор од ЕУ и на други меѓународни партнери во разбивање групи на организиран криминал и на нивната криминална инфраструктура. Во 2015 година, низ светот се случија неколку истовремени интервенции и недели на акција“, соопштуваат од МВР./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

