Црна хроника
Во бунар во дворот на Ахмети пронајдени човечки останки
Минситерството за внатрешни работи потврди во вторникот дека при увидот направен во понеделникот во стар неупотребуван бунар на длабочина од 6,9 метри е утврдено дека при ископот во неделата биле пронајдени и извадени човечки коски, односно делови од скелети, делови од черепи, коски и сл., а бунарот е лоциран во дворното место сопственост на Али Ахмети во кичевско село Зајас.
„На 10.10.2016 година во периодот од 10.55 до 14.15 часот во с.Зајас, кичевско, во дворното место сопственост на А.А. , бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од НККР-Кичево. Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9 метри, биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.). Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на Јавен обвинител истите се испратени на вештачење во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје“, се наведува во билтенот на МВР од вторникот.
Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу во понеделникот за медиумите рече дека се претпоставува оти остатоците потекнуваат од 1913 година, како и дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар.
Муслиу, исто така, рече дека луѓето чиишто останки се во оваа, како што се претпоставува, масовна гробница претежно се жители од кичевскот крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за десет до шееесте лица./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.