Црна хроника
Спречен шверц на два и пол килограми марихуана на Ќафасан
Царинските службеници во неделата спречиле шверц на повеќе од два и пол килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан.
Во неделата во 16.30 часот цариниците при преглед на автомобил со македонски регистерски таблици, во багажниот простор под резервната гума, пронашле четири најлонски пакетчиња, наполнети со тревкаста материја со зеленкаста боја и карактеристичен мирис. При понатамошниот преглед, во кој било користено и царинско куче за откривање на наркотици, биле пронајдени уште осум најлонски пакетчиња со иста содржина, во багажниот простор во внатрешниот дел на левото задно крило, во делот за вентилација во предниот дел од моторот и во просторот над предната светилка која се наоѓа на покривот од возилото.Тестерот за наркотици покажал дека се работи за наркотично средство – канабис сатива. Вкупната тежина на откриената дрога изнесува околу 2 килограми и 688 грама.Лицето кое управувало со автомобилот е привремено лишено од слобода и предадено на инспекторите од Одделението за истраги заради преземање на понатамошни предистажни дејствија. Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомниченото лице дрогата ја купило од Елбасан, Албанија за сума од 500 евра од лице државјанин на Албанија. Во тек е вештачење на непознатата растителна материја по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Струга. По комплетирање на сите докази Царинската управа против сторителот, ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.