Црна хроника
Во две кражби во Скопје украден накит од „Сваровски“
Во две одделни кражби во Скопје, во петокот, украден е накит од „Сваровски“ и пари.
Имено, во правта кражба на ул.„Теодосиј Гологанов“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од стан сопственост на Љ.Б.(61) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, накит „Сваровски“ и сума на пари од околу 600 евра. Краецот избегал со плен од околу 150.000 денари.
Во втората кражба на ул.„Багдадска“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од стан сопственост на З.И.(79) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, накит „Сваровски“ и 50 евра по што избегал со плен од 100.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

