Црна хроника
Во куќа во село Морани пронајдени 29 мигранти од Блискиот Исток
Двесет и девет мигранти од Блискиот Исток, меѓу кои жени и деца, се пронајдени во куќа во село Морани, во околината на Скопје, во петокот, 21-ви ноември.
Според информациите на МВР, Ш.А.(33), во периодот од 18-ти до 21-ви ноември, во соработка со други лица, во неговиот дом во село Морани сместил 29 лица со потекло од Блискиот Исток, а дел од нив немале документи за идентификација.
Илегалните мигранти оствариле влез во Македонија од Грција, организирани од страна на две непознати лица од Гевгелија и две лица од село Студеничани, на тој начин што лицата од Студеничани на 18.11. во попладневните часови со џип од непозната марка прво извршиле транспорт на децата и жените во домот на пријавениот, а додека на 19.11. во утринските часови истите лица извршиле транспорт на преостанатите лица од групата.
Против сопственикот на куќата е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело ,,криумчарење на мигранти“, а пронајдените лица мигранти се предадени во прифатен Центар за странци во Скопје.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

