Црна хроника
Во оптек фалсификувани денари и евра во Куманово
Двајца добија кривични пријави поради пуштање во оптек фалсификувани денари и евра, на територија на Куманово.
Имено, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 18 декември лани, полициски службеници во спортската сала Куманово нашле 18 фалсификувани банкноти во апоени од по 1.000 денари со ист сериски број. Од преземените мерки утврдено е дека во текот на 2012 година такви банкноти се пронајдени кај пријавениот. Од страна на СВР Струмица е извршен разговор и е утврдено дека истите ги пуштал во оптек во ноќните клубови низ градовите во Македонија.СВР Куманово поднесе кривична пријава и против Б.Џ. (30) од село Опае, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Опае при што се пронајдени и одземени 10 фалсификувани банкноти во апоени од по 50 евра со ист сериски број, кои пријавениот во текот на месец октомври 2015 година ги набавил со цел да ги пушти во оптек иако знаел дека се фалсификувани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

