Црна хроника
Во притвор напаѓачот кој се обиде да ги убие момчињата во Аеродром
Во притвор напаѓачот кој се обиде да убие две момчиња минатиот викенд во скопската населба Аеродром. Станува збор за осумнаесетгодишен скопјанец кој бил пијан, а во полиција негирал дека ги нападнал момчињата. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Минатиот викенд ноќта, во саботата половина час по полноќ на булеварот „АСНОМ“ двете момчиња џогирале, кога го виделе напаѓачот во видно алкохолизирана состојба паднат на улица и повраќал. Момчињата застанале да му помогнат, но тој извадил нож и ги избодел. Едното момче беше во критична состојба, додека другото момче помина со полесни повреди.Момчињата не го познавале напаѓачот, а најпрвин во полиција било пријавено дека момчињата биле нападнати од неколку лица. Напаѓачот во 2013 година е кривично пријавен за “учество во толпа“ и му се поднесени четири прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад.Полицијата расчистила уште еден обид за убиство што се случил минатата недела пред трговскиот центар „Капитол мол“ во истата населба.Четворица познати деликвенти се степале, а двајца од нив биле прободени со ножици.меѓу двајца од учесниците во тепачката имало долготрајна нетрпеливост, а еден од нив му се заканувал на противникот и на фејсбук. Дошле пред трговскиот центар за да се пресметаат, по што две лица завршиле со повреди. Еден од учесниците ќе одговара за обид за убиство, а друг за помагање./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

