Црна хроника
Кривична пријава за возачот на џипот кој го прегази тинејџерот кај Католичка
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против возачот на џипот кој пред десетина дена го прегази шеснаесетгодишното момче кај Католичката црква во центарот на Скопје.
Возачот на „туарегот“ ќе одговара за кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 од Кривичниот законик. За ова дело е предвидена казна затвор од една до пет години.„Во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје пристигна кривичната пријава поднесена од МВР за сообраќајната незгода кај раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај кога беше прегазен малолетник. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со активности за прибирање на докази и утврдување на причините за несреќата“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.Несреќата се случи на 15 ноември кога 16-годишниот тинејџер беше прегазен со џип „туарег“ со којшто управувало дваесетгодишно момче од селото Батинци. Неофицијално, тинејџерот бил на премин за пешаци, а поради силниот удар бил отфрлен 15 метри на коловозот./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.