Црна хроника
Во српски камиот откриени 44 илегални мигранти
Над четириесет нелегални мигранти од земји од Блискиот и Среден исток се откриени во саботата утрото во српско товарно возило во правец на северниот граничен премин Табановце, информираше Министерството за внатрешни работи.
Полициските службеници утрово околу 4,15 часот на автопатот автопатот Куманово-Табановце, во близина на граничниот премин со Србија, откако забележале паркирано товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки кое имало издишана гума се упатиле кон него. Притоа лицето кое го управувало возилото, веднаш се дало во бегство.
При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Лицата се приведени во СВР-Куманово за натамошна постапка, информираат од МВР./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.