Црна хроника
Во Турција уапсени петмина македонски државјани, припадници на IS
Уапсени петмина македонски државјани во Турција осомничени дека се припадници на терористичката Исламска држава (IS), во рамките на акцијата „Ќелија“.
Според неофицијалните информации од Министерството за внатрешни работи уапсените се испорачани во Македонија и одреден им е притвор.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на оперативно тактички мерки за прибирање на сознанија и и обезбедување на докази за македонски државјани, припадници на терористичката организација, Исламска држава., а со цел превенирање и попречување на нивното учество во странска војска, полициски, паравоени и параполициски формации“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Во 12 часот закажана е прес-конференција на којашто Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков треба да ги соопшти деталите за акцијата.
Ова е трето продолжение на акцијата „Ќелија“. Првите 11 уапсени кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава ја признаа вината и се осудени, а во акцијата „Ќелија 2“ беше поднесена кривична пријава против седум лица, четворица беа уапсени, а тројца недостапни за полицијата.
Меѓу осудените има и еден Македонец, а меѓу нив е и Имамот од Тутунсуз џамијата во Скопје./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.