Црна хроника
Војникот осум месеци не бил ангажиран на стража поради кривичните пријави – проширена
Професионалниот војник Драган Манаилов, кој во вторникот изврши тројно убиство а потоа се обеси, осум месеци, од јуни 2013 до февруари 2014 година, не бил ангажиран на стража по кривичните пријави што биле поднесени против него, брифираат од Генералштабот на АРМ.
Министерството за внатрешни работи ја информирало Армијата дека против него се поднесени кривични пријави. Војникот бил во Втората чета за логистичка поддршка од Куманово и единствено место во мир каде што носел оружје и располагал со муниција било стражарското место, па командирот одлучил, превентивно, да не го ангажира на стража осум месеци.
Сепак, бил вратен на работа, поради неговата примерно однесување и поради тоа што тој бил алка од синџирот, воопшто не бил вишок и наместо него тие осум месеци некој друг ги извршувал неговите работни задачи. „Нема вишок персонал во Армијата, дискутабилно е колку може да балансирате без алка во синџирот“, вели офицерот за безбедност во единицата.
На 19-ти ноември шест дена пред да биде извршено тројното убиство војникот бил прегледан од страна на лекар и психолог и било утврдено дека е подготвен да ја извршува стражата. На документот кој беше покажан во Министерството за одбрана се потпишале лекарот на единицата, психолог и офицерот за безбедност во единицата со што се потврдило дека Манаилов е подготвен да ја извршува стражарската задача.
Последно, Манаилов критичниот ден, околу 5.15 часот пријавил дека состојбата е редовна и заминал во Злетово каде ги изврши убиствата. Многу кратко, како што брифираат од Армијата, колегата забележал дека Манаилов заминал со оружјето од кумановската касарна, по што било алармирано и Министерството за внатрешни работи.
„Системот на командување и контрола и системот на дежурни органи на Армијата, или надлежната одговорна единица која била одговорна за стражарската служба каде што се случи настанот, одработила прописно. Веднаш кога било утврдено дека стражарот не е на место известени се дежурните органи и извршена е координација со Министерството за внатрешни работи“, вели полковник Мирче Ѓоргоски, началник на канцеларијата за односи со јавност при Генералштабот.
Општиот впечаток на Командирот на четата и психологот кој го имал прегледувано Манаилов е дека неговото војничко досие е беспрекорно. Бил почитуван во работната средина, но од Армијата велат дека пред да ги изврши убиствата најверојатно добил некаква информација која го револтирала.
„Нашите индиции зборуваат дека, иако за ова нема оправдување, чинот е предизвикан со нешто, со некаква информација, која ја добил во одреден момент“, изјави Ѓоргоски.
Иако на стража не било дозволено да се носат мобилни телефони, сепак од Армијата не исклучуваат информацијата да ја добил пред да дојде на работното место.
Сепак, од Генералштабот не го оправдуваат чинот на Манаилов и затоа формираа меѓуресорска комисија којашто треба да ги утврди пропустите во системот.
Манаилов во вторникот ги уби родителите на својата сопруга и уште еден жител на селото Злетово, а потоа беше најден обесен.
Тој бил примен на работа во АРМ во 2000 година, бил на мисија во ИСАФ во Авганистан од јуни 2012 до јануари 2013 година. Бил прегледан од страна на психолог кога стапил на служба, пред да оди на Мисијата, кога се вратил, но ги имал поминато и сите систематски прегледи.
Невропсихијатарот Петре Ристески ја исклучува можноста дека Манаилов имал посттрауматски стрес синдром, бидејќи доколку имал таков синдром, тоа ќе го забележел неговиот командир или сам ќе се јавел да се лекува, бидејќи според лекарот во Воено-медицинскиот центар, лице кое има ваков синдром не може да функционира. Во 2001 година тој не бил на воените боишта и 99 отсто од времето бил во касарна./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Топ
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

