Црна хроника
Вооружен грабеж на бензинска во Гостивар
Во саботата околу 4 часот во Гостивар на улица„Илинденска“ поточно во бензинската пумпа „Мак Петрол“, три непознати лица маскирани од кои едното лице било вооружено со пиштол, а другото со нож влегле внатре и при тоа вработениот кој бил во магацинот, во моментот на влегување на лицата откако ги забележал се затворил во магацинот.
Во саботата околу 4 часот во Гостивар на улица„Илинденска“ поточно во бензинската пумпа „Мак Петрол“, три непознати лица маскирани од кои едното лице било вооружено со пиштол, а другото со нож влегле внатре и при тоа вработениот кој бил во магацинот, во моментот на влегување на лицата откако ги забележал се затворил во магацинот.
Другиот вработен кој бил до касата, бил удрен со рачката од нож од едно од лицата во пределот на главата, од кој удар паднал во безсознание, по што лицата избегале од местото на настанот. Истиот откако се освестил со такси возило се упатил во МЦ-Гостивар.
При вршење на увидот пронајден бил ножот и дополнително ќе се утврдува дали нешто било одземено. Од страна на полициски службеници приведени се две лица од Гостивар и едно лице од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и со истите се вршат разговори и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

