Црна хроника
Возел низ парк и се заканил со полн пиштол
Жител на село Камењане, во Tетово возел низ парк, а на оној кој му укажал дека не треба да вози тука, му се заканил со полн пиштол.
Имено, во вторникот, околу 16.45 часот во Тетово на ул.„Благоја Тоска“ додека М.А.(52) од Тетово бил во неговата работилница, забележал дека непознато лице со патничко возило „Пасат“, се движело во паркот односно зеленилото пред работилницата, на што веднаш изреагирал и со рака го запрел возилото со цел да му укаже дека не треба да се движи на зелената површина.
По ова возилото запрело на тротоарот и од истото излегло непознато лице кое извадило пиштол и го вперило кон него, заканувајќи му се дека ќе испука. М.А. се обидел да го смири, но во еден момент му се нафрлил на лицето, одземајќи му го пиштолот, но почнале да се туркаат и влечат, по што паднале на земја.
Синот на М.А. дошол кај него и му го дал мобилниот телефон со кој повикал полициски службеник со кој се знаел од порано. Полицискиот службеник заедно со други негови колеги со службено возило, веднаш дошле на лице место и од непознатото лице одзеле пиштол со седум куршуми кој би поседувал со дозвола, при што бил утврден идентитетот на лицето и се работи за Р.М. (41) од село Камењане, општина Боговиње, кој е приведен во полициска станица во Тетово за расчистување на случајот. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.