Црна хроника
Вработен во затворот во Идризово продавал дрога

Вработен во затворот во Идзирово продавал наркотични средства, но и оружје, објави овинителството.
Вработен во затворот во Идзирово продавал наркотични средства, но и оружје, објави овинителството.
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик.
Имено, во четвртокот, при редовна контрола и личен претрес на лицето вработено како надзорник во КПУ Идризово, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со селотејп трака за кое при вештачењето е утврдено дека се работи за марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот покрај количество на марихуана, пронајдени се и девет парчиња на муниција.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за поведување на истражна постапка и до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.