Црна хроника
Вработени во МЗШВ незаконски овозможиле земјоделски субенции од на 4 милиони денари
Вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и уште осум лица и пет фирми кривично ќе се гонат бидејќи го оштетиле буџетот за над 4 милиони денари, односно незаконски овозможиле земјоделски субвенции.
Според документираните сознанија на истрагата пријавените вработени во МЗШВ во перидот од октомври 2010 година наваму несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Имено наместо, согласно законите, поведување претходно легална правна постапка –тужбено барање за решавање и симнување на реалниот товар – за подигнати долгогодишни лозови и овошни насади сопственост на ТДПП Агро Лозар АД Богданци а посеани на земјоделско земјиште на катастарски парцели дадени преку МЗШВ по основ на Договор за долгорочен закуп на државно земјоделско земјиште од 2001 година со право на користење на ТДПП Агро Лозар АД Богданци, преку Изјава за раскинување на Договорот за долгорочен закуп на земјоделско земјиште 2011 година еднострано бил раскинат посочениот Договор. А за предметното земјиште во површина од над 510 хектари преку јавни огласи биле склучени 19 договори за долгорочен закуп, спротивно на член 22 став 2 од Закон за земјоделско земјиште во кој е регулиран начинот на објавување и содржината на огласот
На тој начин несовесно, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања и должности пријавените им овозможиле на 19 нови закупци да склучат Договори за закуп врз основа на што, пак, пет правни лица и осум физички лица доставиле Барање до националниот регистар за лозови насади за упис на лозовиот насад подигнат од претходно, пред склучувањето на договорите и тоа од страна на ТДПП Агро Лозар АД Богданци, каде што насадите и се водат како основни средства. Врз основа на така добиените потврди како и склучените Договори за закуп и Записници за воведување во владение, им било овозможено на закупците на земјоделско земјиште да аплицираат и добијат субвенции во вкупен износ од 4.282.395 денари, односно да се стекнат со противправна имотна косристна штета на Буџетот на РМ и тоа за одржување на лозов насад за 2012 и 2013 година, иако тој лозов насад е подигнат 1991 и 1996 година, што значи пред склучувањето на договорите./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

