Црна хроника
За трговија со наркотици приведени албански и грчки државјанин, и двајца гостиварци
Во саботата во два одделни случаи поради сомневања дека сториле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, приведени се двајца државјани на соседните Албанија и Грција, како и двајца жители на село крај Гостивар, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.
Во саботата, околу 23,50 часот во центаралното подрачје на Скопје, поточно на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ бил приведен 20-годишниот B.T.A. (20) од Грција.
Неколку часа претходно , поточно околу 20,30 часот во Гостивар, односно во населбата Млаки, било забележано лице кое со себе носело една патна торба и една најлонска кеса. Во моментот кога полициските службеници од Полициската станица Гостивар му пришле со намера да го легитимираат, лцието ја фрлило торбата и најлонската кеса во која имало околу три до четири килограми непозната тревкаста материја, и се дало во бегство.
На осомниечниот му била дадена наредба да застане, но тој продолжил да бега низ нивите. Поради темница и непристапниот терен, веднаш биле известени сите служби на терен за негово пронаоѓање. На местото на настанот, пак, бил извршен увид, подигнати се патната торба и најлонската кеса со непозната тревкаста материја.
Подоцна во саботата ноќта, околу 23,00 часот во селото Добри Дол од страна на полициски службеници било пронајдено и приведено лицето, кое е идентификувано како 27-годишниот М.Д. од Албанија.
Во истото село биле приведени и 53-годишниот Ш.Е. и 18-годишниот М.А. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

