Контакт

Црна хроника

Заев осомничен за примање поткуп

Објавено пред

Челникот на најголемата опозициска партија СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра, објави помошникот министер за информации во Министерството за внатрешни работи Иво Котевски.

dobivaj vesti na viber

Како што беше објавено во министерството во моментите додека во скопска Универзална сала СДСМ продолжи со емитувањето на наводни телефонски разговори на лица од власта кои наводно догаварале изборн иизмами, опозицискиот челник е осомничен дека од едно лице барал по две евра за квадратен метар за да приватизира градежни земјиште.

Како што појасни Котевски, се работи за парцела од 100.000 квадратни метри, што значи дека Заев побарал мито од 200.000 евра. Било побарано половината да му биде дадена нему, а другата половина за изградба на црква во Струмица.

Како се наведува во материјалот од достапен од МВР за медиумите, пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од по 2 (две) евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира. Земјиштето е со вкупна површина од околу 100.000 м2, така што вкупната сума што е побарана од оштетениот изнесува околу 200.000 евра. Според документираните сознанија, подарок по една половина требало да биде за пријавениот и за изградба на црква во Струмица. Истиот требало да биде исплатен пријавениот да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, со што истиот се товари дека сторил кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ.

Поконкретно, во текот на 2013 година, оштетениот како странка заинтересирана за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште во Струмица, во подрачни едници на одделни министерства во Струмица и во општинските органи на градот Струмица, повел постапки за откуп на градежно изградено земјиште кое е распространето на две одделни катастарски парцели во вкупна површина од околу 100.000 метри квадратни, по цена од околу 70,оо денари за еден метар кавдратен.

Пријавениот знаејќи дека оштетениот за ова земјиште има право на користење, му понудил да издејствува кај службените и одговорните лица надлежни за водење на постапките за откупување на земјиштето, да се завршат сите подготовки за отпочнување и завршување на процедурите за откуп на земјиштето, по што како градоначалник на општина Струмица би донел конечни Решенија за откуп на земјиштата, доколку му биде даден бараниот подарок од по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште. Исто така оштетениот требало да ја плати и законски предвидената цена за откупот на земјиштето.

Барањето на поткупот, уште кон крајот на декември 2013 година, оштетениот го пријави и пред надлежниот Јавен Обвинител, по што отпочна преземањето на соодветни мерки и активности за докажување на кривичното дело.

По остварените две средби помеѓу оштетениот и осомничениот во текот на минатата година, како и по обезбедувањето на неопходните докази, произлегоа основите на сомнение дека пријавениот З.З. го сторил кривичното дело „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Црна хроника

Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата

Објавено пред

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.

dobivaj vesti na viber

Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот

Објавено пред

Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години

Објавено пред

Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија7 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија8 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија8 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија8 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија9 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет13 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет14 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет15 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет16 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет16 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет16 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет1 ден

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион1 ден

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија1 ден

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет1 ден

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија2 дена

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...