Црна хроника
Загина 22-годишен моторциклист од Прилеп
Во саботата вечерта, во Прилеп на улица „Кеј 1-ви Мај“, се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби 22-годишниот Бојан Ч. од Прилеп.
Тој управувајќи мотоцикл „хонда“ со штипски регистарски ознаки удрил во банкина и паднал од моторот, при што се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место на несречата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четири пати поевтино, МВР поднесе кривична
Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Двајца скопјани пријавиле дека биле нападнати од соседите во центарот на градот
Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје, 35-годишниот З.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера попладне, во 15.15 часот во СВР Скопје, 39-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор „Скопје“ пронајдена дрога
Денеска во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.