Црна хроника
Загинал кога се превртел со џип полн со дрва

Жител на кичевското село Зајас загинал откако џипот натоварен со дрва, со којшто управувал, се превртел. Дрвата го потиснале и починал на лице место.
Според информациите на СВР Тетово, несреќата се случила утрово околу 3:30 часот во близина на депонијата Сушички Мост, кога дваесет и петгодишниот Н.Б. со „шевролет-блејзер” се движел кон Гостивар. Од засега неутврдени причини изгубил контрола и се превртел.По пријавувањето на несреќата, на терен излегле и пожарникари со чија помош било извлечено телото на возачот. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, телото на Н.Б. е дадено на обдукција./крај/миа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром

Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад.
На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом.
Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Црна хроника
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот

Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен.
Приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, кои се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден.
На тепачката, според информацијата од МВР, претходело недоразбирање во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Кривична пријава за кумановка за демнење, следела и фотографирала друго лице

Полицијата поднесе кривична пријава против жена од Куманово за демнење.
Според информациите на МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека пријавената следела и вознемирувала лице од Куманово со фотографирање и испраќање фотографии и пораки на мобилниот телефон на друго лице.