Црна хроника
Запалени автомобили во Велес и Скопје и една викендичка во Љубаништа

Изминативе три дена гореле три возила во Велес и Битола, а претходната ноќ целосно изгорела викендичка во охридско.
Во Велес во средата вечерта два часа по полноќ се запалил автомобил „мазда“ сопственост на триесет и тригодишен велешанец паркиран на улица „Ѓемиџиска“.Утрово околу 4 часот во Битола запалени биле два паркирани автомобила „хјундаи“ и „мерцедес“ паркирани на улица „Димче Лехчански“.Во вторникот вечерта целосно изгорела викенд куќа на охриѓанец во селото Љубаништа Причините за пожарите засега се непознати и се утврдуваат./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.