Црна хроника
Запленети 243 килограми режан тутун
Инспектори од Одделението за истраги на Царинска управа пронашле 12 картонски кутии режан тутун во комбе со скопски регистерски ознаки на 8 јули на патниот правец Скопје – Куманово при вршење на внатрешна контрола.
Тие се обиделе да го запрат комбето, но возачот не застанал и избегал, па инспеторите морале насилно да го стопираат и со придружба на царинските инспектори било испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово.При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација. Вкупната количина на пронајдениот режан тутун изнесува 243 килограми. Избегнатите давачки по основ на неплатена акциза и други давачки изнесуваат 503.687 денари.За одземената стока лицето не приложило соодветен документ со што истата е пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки. Согласно закон стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, а Царинската управа пртотив сторителот поднесе соодветна пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

