Контакт

Црна хроника

Запленети девизи, текстилни производи, технички производи и фалсификати

Објавено пред

Минатата седмица и штотуку изминатиот викенд, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, текстилни производи, бижутерија, технички производи за домаќинство, компакт дискови и фалсификати. 

dobivaj vesti na viber

 

Покрај случајот откриен на граничниот премин Блаце на 21-ви ноември, кога во возилото на македонска државјанка беа пронајдени непријавени 190 илјади евра, изминатата седмица беа откриени и 26.500 американски долари, на граничниот премин Богородица при личен претрес на двајца македонски државјани, кои со автомобил со македонски регистарски таблички се пријавиле за излез од државата.

 

Кај возачот се пронајдени 21.500 американски долари, а кај сопатникот 10 илјади американски долари, за кои не поседувале документ за потекло. Согласно законските прописи, на патниците им се вратени по 2.500 долари (противвредност на 2.000 евра), износ што резиденти може слободно да го изнесат од државата.

 

Во три случаи на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на тројца македонски државјани пријавени за излез од државата, се пронајдени 19.500 евра. Кај првиот патник пронајдени се 9.600 евра, кај вториот 9.500 евра и кај третиот патник 6.500 евра.

 

Во сите три случаи патниците не поседувале документи за потекло на парите, поради што согласно законските прописи, вратени им се по 2.000 евра, а остатокот (во првиот случај 7.600 евра, во вториот случај 7.500 евра и во третиот случај 4.500 евра) е привремено задржан.

 

На граничниот премин Ќафасан, пак, при личен претрес на албански државјанин, кој како патник во албански автомобил се пријавил за влез во државата биле пронајдени 12.200 евра. Возачот, исто така албански државјанин, и патникот изјавиле дека немаат ништо за царинска контрола, но при личен претрес, кај патникот е пронајдени коверт со 17.200 евра, а во џебот од палтото, пронајдени се уште 5 илјади евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата.

 

Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион, извршена на патниот правец Кичево – Охрид, кај селото Мешеишта биле пронајдени 1.678 разни производи (плински решоа, ѕидни часовници, столни ламби, мерачи за должина, ташни за компакт дискови, бижутерија и др.),  Возачот на возилото, македонски државјанин, не поседувал документи за потекло на стоката и платени увозни давачки.

 

На царинската испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување плаќање на царински давачки со  погрешно тарифирање на стока. Фирма од Скопје пријавила за увозно царинење моторни масла за патнички возила, со потекло од Грција, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0 проценти, стапка за акциза од 7 проценти и стапка за ДДВ од 18 отсто. При физичкиот преглед на стоката, царинските службеници утврдиле дека дел од пријавената стока треба да се распореди во друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0 отсто, стапка за акциза од 22 проценти и стапка за ДДВ од 18 отсто. Врз основа на новоутврдената состојба пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 4 илјади денари./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари

Објавено пред

Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога

Објавено пред

Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.

За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија15 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија15 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија16 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион17 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет17 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија18 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа18 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет18 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет19 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет20 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет20 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа20 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...