Црна хроника
Запленети два километра рибарски мрежи на Охридско Езеро
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2.000 метри, сто парчиња риба охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Акциските контроли на езерската полиција беа реализирани пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Франгово, поставени на брегот.
Притоа, како што инфромираат од СВР Охрид, на околу еден километар од брегот во близина на населбата Калишта, во нелегален риболов е затекнат жител од Калишта, кој забележувајќи ја патролата се обидел да побегне. Од неговиот чамец одземен е улов од риба белвица и пастрмка како и друга рибарска опрема.
Во водите на Охридското Езеро, во истиот регион, езерската патрола пронајде висечки рибарски мрежи кои се најстрого забранети за користење и риболов.
За пронајдените риби и рибарска опрема, запознат е Јавниот обвинител и изготвен е записник. Со потврда, целокупната количина риба и другите предмети се одземени./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

