Црна хроника
Запленети пет килограми марихуана сокриена во гепек
Заленети над пет килограми марихуана сокриена во гепек во автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки управуван од дваесет и двегодишен жител на скопското село Инџиково, соопшти МВР.
Заленети над пет килограми марихуана сокриена во гепек во автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки управуван од дваесет и двегодишен жител на скопското село Инџиково, соопшти МВР.
Полицајците го запреле автомобилот на наплатната станица Гостивар, додека се движело во правец на Тетово.
При преглед на возилото, во багажникот, во просторот наменет за резервна гума,биле пронајдени една вреќа во која се наоѓаале три поголеми пакувања со непозната тревкаста материја како и една торба во која се наоѓале две поголеми пакувања со непозната тревкаста материја најверојатно наркотична дрога “марихуана” со вкупна тежина од над пет килограми.
Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање и расчистување на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава. Оваа акција беше спроведена во рамки на оперативната акција “Мрежа“ во којашто досега кривично се пријавени околу 160 лица, а запленетата дрога ја надмина бројката од 520 килограми разни видови дроги./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

