Црна хроника
Затвор и условна казна за инцидентот во кафулето „Њу Орлеанс“
Две лица се осудени на затворска и условна казна поради инцидентот шо се случи во кафулето „Њу Орлеанс“ во Стара чаршија на почетокот на овој месец, соопшти во петок Основниот суд Скопје 1- Скопје.
„На обвинетиот Б.И. му е изречана алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во рок од две години која нема да се изврши доколку во рок од пет години, по правосилноста на пресудата, обвинетиот не стори ново кривично дело. На обвинетиот О.Б. му е изречена казна затвор во траење од една година, за делото „Насилство“ од причина што обвинетиот е досега осудуван за истородно кривично дело и на кој веќе му била изречена условна осуда која очигледно не влијаела воспитно поправно врз обвинетиот, во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела“, се вели во соопштението од Судот.
По ваквата пресуда, притворот на О.Б. е продолжен до правосилноста на одлуката, односно најдолго до 60 дена.
За двајцата обвинети, стои во соопштението, Судот го имаше во предвид досегашното извршување на овој вид на кривични дела како и зачестената појава која придонесува до нарушување на јавниот ред и мир, а со тоа и на сигурноста и безбедноста на граѓаните на Македонија, што предизвикува страв меѓу граѓаните особено кога кривичното дело се врши во група.
Инцидентот во кафулето се случи на 4-ти овој месец кога беа искршени опремата на ди-џејот и неколку стакла од локалот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.