Црна хроника
Зетот ги претепал бабите и шурата

Пијан зет дошол во куќата на мајката на неговата сопруга, па ги претепал бабата, шурата и бабата на невестата.
Во понеделникот, во 19.30 часот во село Таринци, штипско, во семејната куќа, додека С.А. (46) седела во својот дом со својата ќерка М.И., нејзиниот син Д.А. и нејзината свекрва М.А., во дворот дошле нејзиниот зет за ќерка А.И. и неговот брат М.И., двајцата од село Радање, штипско, кои биле под дејство на алкохол.
Тие почнале да го тепаат братот на сопругата Д.А. удирајќи го со неколку тупаници во пределот на телото и главата. Подоцна ја нападнале М.А., удирајки ја во пределот на главата, како и С.А., која била удрена со една тупаница во пределот на слепоочницата по што паднала на бетонот во дворот.
Останатите лица кои дошле со А.И. и М.И. ги спречиле да го продолжат нападот.
Од ударите Д.А.и М.А. се здобиле со телесни повреди, а С.А. се здобила со тешка телесна повреда. На истите им била укажана лекарска помош во Клиничка Болница Штип. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.