Црна хроника
Зголемен бројот на случаи со семејно насилство
Во текот на деветте месеци од оваа година евидентирани се 635 кривични дела сторени при семејно насилство, односно 25 отсто повеќе од истиот период лани кога биле регистрирани 507 кривични дела, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи коишто ги презентираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во рамките на глобалните 16 дена активизам, “Orange your Neighbourhood“, посветени на Меѓународниот ден на спречување на насиството врз жените.
Најголемиот дел или речиси две третини се кривични дела, телесна повреда, а извршители во 90 отсто од случаите се мажи, а жртви се мајки, сопруги, ќерки.Кај евидентираните прекршоци пак, според Јанкулоска има намалување за 10 проценти – односно за деветте месеци од годинава евидентирани се 257 прекршоци во споредба со 288 лани, а дури 95 проценти од прекршителите се мажи. Заокружувајќи ја статистиката Јанкулоска потенцираше дека бројот на поплаки за семејно насилство за девете месеци годинава е над 3.200 што е зголемување од над 36 проценти во споредба со истиот период минатата година. А, најголем број од поплаките се поради психичко малтретирање на жртвата, над 2.500, потоа следат оние за физичко малтретирање и на крајот поплаки за малтретирање на жртвата од економски побуди.„Без сеопфатна и не само системска туку – поширока и постојана граѓанска и јавна партиципација, не е можно успешно спротивставување и анулирање ниту на семејното насилство ниту генерално на насилството и неговите, без исклучок секогаш трауматични и болни последици“, истакна на крајот министерката Јанкулоска.Јанкулоска потенцираше дека во изминативе години МВР и другите релевантни институции од една и граѓанскиот сектор од друга страна успеаа да направат крупен исчекор во подигнувањето на свеста за овој реален проблем со насилството, особено семејното насилство коешто во најголема мера е токму “медиумот“ каде што жените најчесто се жртви по разни основи.„Почнувајќи од денес па во наредните 16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња, колку што е предвидено да трае оваа глобална кампања, односно до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и ние како индивидуи но и како општество, јасно и недвосмислено уште еднаш ќе го демонстрираме нашето “НЕ“ на насилството врз жените“ изјави Јанкулоска./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

