Црна хроника
(Видео) Нападнаа кошаркар и пробаа да му го соблечат дресот, приведени двајца кумановци

Двајца жители на Куманово се приведени откако синоќа, за време на полувремето од кошаркарски натпревар, се обиделе физички да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.
„На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј. (36) и Д.С. (29), двајцата од Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, на полувремето од натпреварот меѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје, кој се играл во рамки на кошаркарската Супер лига.
Според информациите од МВР, двајцата осомничени се обиделе да нападнат играч од домашниот тим, МКК Куманово, и да му го соблечат дресот.
„Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Измамен кумановец: останал без пари и без услуга

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(36) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.
Црна хроника
Уценици нападнале вработена во училиште во скопски Центар

Вработена во средно училиште во Центар била нападната од ученици во училиштето.
Имено вчера во 09.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец пронајден починат во својот дом

Вчераво 15.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Центар во Скопје е пронајден починат Т.Ј.(66) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.