Црна хроника
Над 20 сообраќајни несреќи за три дена во Скопје
Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, девет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 11 со материјална штета, соопшти полицијата.
Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и девет лица телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 194 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 63 возачи, од кои: 30 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 31 возило бидејќи 30 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно.
Санкционирани се 15 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неради неправилно престигнување, 10 поради непоседување пропишана зимска опрема, 20 поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 44 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се 15 пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 229 мандатни платни налози и 154 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.