Топ
Полицаец вршел психичко насилство врз своите малолетни деца, доби кривична пријава од МВР

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З. Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста. Од Основниот граѓански суд со решение на З. Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз своите малолетни деца и да ги инволвира во постапките што родителите ги водат пред надлежните институции.
Но, и покрај мерките, З. Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.
Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев. Кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација,Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација. Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
Филипче изјави дека процесот на селекција, исто како и претходниот, ги следел истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори со членови на општинските организации.
Македонија
„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд.
Врховниот суд го утврди Основниот кривичен суд Скопје како надлежен суд за постапка по обвинителниот акт за пожарот, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одлуката е донесена поради недостаток на доволен број судии од кривична област без законски пречки во основните судови во Штип и Струмица.
Основниот кривичен суд Скопје ќе распредели обвинителниот акт преку системот АКМИС. По приемот, обвинението ќе биде доставено до обвинетите, по што ќе почне да тече рокот од осум дена за приговор.
Јавното обвинителство на 13 јуни поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за кривично дело тешки дела против општата сигурност, со исклучок на еден обвинет за примање мито поврзано со издавање лажни лиценци за работа на објектот. Дел од истражните постапки за некои лица се прекинати поради недостаток на докази.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека постапката е прекината и за 11 лица, вклучително и двајца поранешни министри.
Македонија
Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи.
Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.
„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец.
И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска во напишаното.
Дополнително упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно?
Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ, пишува Арсовска.