Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти
Вчера во 16.20 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево.
При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатен крадец во Карпош – дошол од друга држава со лична карта од трета земја
Полицијата во Карпош, го приведе Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа.
При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.
Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Штип, тешко повредена
Вчера на улицата Сремски фронт во Штип, автомобил со штипски регистарски ознаки, управуван од А.С.(21), удрил во С.М.(63), двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Симнал и оштетил службен печат и продолжил да си гради на парцела во Пештани: кривична за охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(50) од охридското село Пештани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“.
Во текот на 2024 година, тој на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности.