Црна хроника
Се договориле да ѝ донесе дрва, па откако му дала 100 евра си заминал и не се вратил: кумановка пријавила дека е измамена
Седумдесет и двегодишна кумановка во полиција пријавила дека била измамена за 6.000 денари при набавка на дрва за огрев, информираше денеска СВР Куманово.
-Вчера во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Ова не е прв случај на измама при набавка на огревни дрва.
Во јануари годинава, беа пријавени два случаи на измами со огревни дрва, првиот повозрасен кумановец за сума од 3.000 денари и вториот случај, кумановка за 5.000 денари.
Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 вакви пријави. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.
-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сторителот ги убил братот и снаата на починатиот брат, соопшти обвинителството за убиството во Стајковци
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.
Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.
Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.
Црна хроника
При извршување градежни работи, тешко повреден скопјанец, пренесен е во Комплексот клиники
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на подрачјето на Карпош во Скопје со повреди се здобил 64-годишниот З.П. од Скопје, извести МВР.
„Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен“, соопшти МВР.
Топ
МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот
Денеска во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.