Црна хроника
Тетовец измамен за 800 евра
Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.