Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед на возилото пронајдена дрога
Вчера во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода е 29-годишниот С.J. од Скопје.
При извршен преглед на патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј. на булеварот „Партизански Одреди“ пронајдени се 10 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин.
Лицето е лишено од слобода поради основи на сомнение за сторено Кривично дело и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.
Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.
Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Додека, второ и третопријавениот ги спречувале полициските службеници при вршење службените дејствија.
Црна хроника
Прегазил жена во Виничко, па тврдел дека претходно бил претепан: уапсен 34-годишен маж
Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница.
Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

