Контакт

Daily news

Алфано: Го поздравувам развојот на македонската политичка ситуација

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Анџелино Алфано ја цени одлуката на претседателот Иванов да му го довери мандатот за состав на нова влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Се работи за важен обид кој има за цел решавање на сегашната, тешка политичка криза. Се надеваме дека во Скопје наскоро ќе се формира нова влада поддржана од страна на парламентарното мнозинство и посветена на донесувањето на суштинските внатрешни реформи за брзо обновување на европскиот и евро-атлатнскиот пат на земјата. Во овој контекст, земјата ќе може да продолжи да смета на поддршката од Италија, која е актуелен претседавач на Процесот на Западен Балкан”, се вели во изјавата на Алфано. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ порача на јавноста дека Франција „не води војна“ на Блискиот Исток, и покрај тоа што...

Спорт3 минути

Јирген Клоп ќе работи во Мадрид, но не во Реал

Јирген Клоп, неколку пати изјави дека нема намера да му се врати на фудбалот во улога на тренер, но Шпанците...

Топ6 минути

Пукал, па со пиштол се заканувал на сопругата и ќерките, а нападнал и една од нив: уапсен скопјанец

Денеска во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 55-годишниот Б.С....

Свет10 минути

Герапетритис: Секое таргетирање на Кипар е закана за цела Европа

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа, како...

Спорт19 минути

(Видео) Неверојатната Линдзи Вон веќе тренира

Само 25 дена по нејзиниот тежок пад на Зимските олимписки игри, Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи за да...

Македонија27 минути

Во тешка сообраќајка загина 52-годишен оперативец во РЦУК Битола

Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, загина Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи...

Свет27 минути

Орбан: Иако ме уценуваат и се однесуваат како бандити, нема да ги прифатам барањата на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес повтори дека унгарската влада и тој го вознемируваат украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што не...

Македонија34 минути

ВЛЕН: Уште еден модерен базен за Чаир, инвестиција од еден милион евра

„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште...

Свет37 минути

(Видео) Хегсет: Трамп нацрта нова стратешка мапа од Гренланд до Панамскиот канал

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот Доналд Трамп ја редефинира безбедносната стратегија на САД во Западната хемисфера,...

Европа43 минути

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

Украина ја обвини Унгарија дека земала седум вработени во нејзината државна штедилница Ошадбанк како заложници, изјави украинскиот министер за надворешни...