Daily news
Карл Билд ги почнува средбите – нема предвидено средба со Ѓорѓе Иванов
Карл Билд, копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи, од вчера е во Скопје. За денеска се предвидени разговори со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса потврдија дека нивни претставници денеска ќе имаат средби со Билд. Од Кабинетот на претседателот на Македонија информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но оти денешната негова агенда била поинаква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
