Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Изгореле живи: Над 140 загинати во експлозија на цистерна со нафта во Пакистан

Објавено пред

Најмалку 148 луѓе загинале во Пакистан во експлозија на цистерна со нафта. Несреќата се случила откако цистерната се превртела, а луѓето од околните села со канти доаѓале да собираат од горивото што истекувало.

Локалните власти навеле дека полицијата го блокирала пристапот до цистерната, но мештаните го пробиле кордонот.

Во несреќата се повредени повеќе од 100 луѓе, а многумина имаат тешки изгореници.

Шефот на спасувачката служба на провинцијата Пенџаб, Ризван Насер, рекол дека спасувачите ги извлекуваат изгорените тела.  Додал дека бројот на жртви веројатно ќе расте.

Несреќата се случила на националниот автопат на околу 100 километри од градот Мултан кога возачот на цистерна која пренесувала нафта од јужниот пристаништен град Карачи до престолнината на покраината Пенџаб, Лахоре, изгубил контрола над возилото.

Пакистанската војска испратила хеликоптери за да ги евакуираат повредените и да ги пренесат во болница. Најблискиот медицински центар се наоѓа на оддалеченост од повеќе од 150 километри од местото на несреќата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 часа

Владата го утврди предлогот за поскапување на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет11 час

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ11 час

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија15 часа

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија15 часа

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа15 часа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија16 часа

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија18 часа

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа18 часа

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија18 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија19 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет20 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет21 час

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија1 ден

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија1 ден

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија1 ден

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија2 дена

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија2 дена

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија2 дена

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет2 дена

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Досие