Контакт

Daily news

Партијата на Бачев се прекрсти во Единствена Македонија, ќе се залагаат за сојуз со Русија

Објавено пред

Централниот комитет на „Народно движење за Македонија“, одлучи партијата да се преименува во „Единствена Македонија“, и да се залага за Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија.

Во изјава за медиумите, претседателот на партијата, Јанко Бачев оцени дека денешните одлуки се од историски карактер за партијата и истакна дека заменик претседател на „Единствена Македонија“ ќе биде Стефан Влахов Мицов, а за членови на извршниот комитет се избрани Драган Угриновски од  Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“, Зоран Јованчев претседател на Здружението „Македонија и Русија“ – МиР, Вангел Симев универзитетски професор и поранешен пратеник,  како и приватните бизнисмени Игор Јорданов и Ацо Николовски.

„Новоизбраните членови, заедно со останатите членови ќе го сочинуваат 13-члениот Извршен комитет на партијата. Единствена Македонија ќе се залага за радикален пресврт во македонската политика со повлекувањето на актите за прием на Македонија во НАТО и ЕУ и барање за членство на Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија“, рече Бачев.

Заменикот претседателот на Единствена Македонија, Стефан Влахов Мицов рече дека нивната партија се одлучила на стратешко партнерство со Русија од неколку причини, меѓу кои блискоста со менталитетот на рускиот народ, јазикот, културата и традиционалните вредности, заштитата на унитарноста на земјата, како и подигнување на животниот стандард со влегувањето во Евроазискиот сојуз.

„Ние во Единствена Македонија сме против САД, НАТО и ЕУ затоа што сметаме дека тие се новите хитлеровци во светот кои го сакаат уништувањето на словенскиот свет. Тие сакаат да ја избришат македонската држава од мапата на светот и дури и физички да го уништат македонскиот народ. Со нив немаме ништо заедничко. Нашето демократско и антифашиско минато е спротивно на нивното геноцидно варварство“, рече Влахов Мицов.

Најново

Спорт5 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт5 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника6 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника6 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт9 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија9 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт9 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија9 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...